Божиновска: Нови ветерни турбини, повеќе струја, помалку загадување

Од:

Ветерните паркови не се само економски исплатливи, туку и еколошки одговорни. Тие се клучот кон одржлива иднина и економски раст кој не ги загрозува ресурсите на идните генерации, истакна министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска која денеска го посети Паркот на ветерни електрани (ПВЕ) Богданци, првиот ваков објект во земјава кој го користи ветерот како погонска сила за производство на електрична енергија.

Во придружба на официјални претставници од АД ЕСМ, Иван Стојановски, директор за финансии, и Гоце Џамбазовски, помошник директор за обновливи извори, министерката се запозна со тековните активности и идните планови на овој значаен енергетски капацитет. Беше запознаена со инфраструктурата на паркот, вклучувајќи ја командната соба, сервер салата и трафостаницата, која е клучна за функционирањето на целиот комплекс. Посети и една од турбините, каде имаше можност да го види влијанието на проектот во реални услови. Инсталираната моќност на секоја од турбините е 2,3 мегавати, висината на столбот изнесува 80 метри, а дијаметарот на елисата изнесува 93 метри.

Во текот на обиколката, Џамбазовски истакна дека ПВЕ Богданци не само што е пример за успешна инвестиција во обновлива енергија, туку и значаен придонес кон националниот електроенергетски систем.

-Турбините се производство на Сименс – Данска и се вбројуваат меѓу најдобрите во својата класа. Паркот, со своите 16 турбини, има инсталирана моќност од 36,8 мегавати и годишно произведува околу 100 гигават часови природно одржлива енергија, што е доволно за снабдување на околу 60.000 граѓани, намалувајќи ја зависноста од фосилните горива и придонесувајќи за намалување на емисиите на CO2, рече Џамбазовски.

Министерката за енергетика беше информирана и за плановите за втората фаза на проектот ПВЕ Богданци 2, која ќе додаде дополнителни 13,2 до 15 мегавати капацитет. Оваа фаза е дел од пошироката стратегија на Владата да го зголеми учеството на обновливите извори на енергија до 45 отсто од вкупното производство до 2030 година. Во оваа фаза е предвидено поставување на дополнителни четири ветерни турбини, секоја со инсталирана моќност од 3,4 мегавати, со што вкупната инсталирана моќност ќе се зголеми на околу 50 мегавати, обезбедувајќи дополнително годишно производство од 37 гигават часови електрична енергија.

Божиновска ја истакна важноста на ваквите проекти за енергетската независност и одржливиот развој на земјата и истакна дека ветерните паркови не само што придонесуваат за заштита на животната средина, туку и обезбедуваат стабилно и одржливо снабдување со електрична енергија за граѓаните.

-Паркот на ветерни електрани Богданци останува симбол на енергетската иднина на нашата земја, покажувајќи дека со правилни инвестиции и посветеност кон одржливи решенија, можеме да обезбедиме подобра и почиста иднина за сите нас. Ветерните паркови, како овој во Богданци, се клучни за намалување на емисиите на стакленички гасови и за борба против климатските промени. Тие обезбедуваат чиста енергија, намалувајќи ја зависноста од увоз на енергија и создавајќи нови работни места. Покрај економските придобивки, ветерните паркови придонесуваат за енергетска независност и стабилност, што е особено важно за земјите како Македонија, рече Божиновска.

Би можело да ве интересира

Божиновска од Атина: Иако сме мала земја, ние сме важен енергетски крстопат во регионот

А1он

Божиновска на средба со студенти од ФЕИТ по повод Денот на чистата енергија

А1он

Фирмите ќе плаќаат до 100% повеќе за експлоатација на природни ресурси

Божиновска: Ќе предложиме избор на државен универзален снабдувач со струја

Божиновска: Ги поддржуваме иницијативите за зелени енергетски коридори и енергетско складирање

А1он

Божиновска за цената на струјата: Ќе се потрудиме да ги заштитиме граѓаните од ценовни шокови

А1он