Богов: НБРМ ќе ги ревидира проекциите за идната година

Од:

Народната банка на Република Македонија (НБРМ) моментно почнува своја рунда на проекции со којашто ќе ги ревидира своите претходни проекции за идната година. На почетокот на ноември  ќе излеземе со нив и ќе го дадеме нашето видување на економскиот раст во наредната година, изјави денеска гувернерот на НБРМ Димитар Богов, одговарајќи на новинарски прашања за остварливоста на проекциите во предложениот буџет за 2017 година.

Според Богов, Владата најдобро знае дали се остварливи проекциите во Предлог буџетот што беше усвоен на вчерашната владина седница и денеска треба да го достави до Собранието.

НБРМ, потенцира Богов, ќе се прилагоди на секој буџет што ќе биде донесен односно ќе ја прилагоди монетарната политика за да се остварат основните цели на НБРМ, а тоа е монетарната  стабилност и стабилноста на банкарскиот сектор.

– НБРМ дава  најдобар придонес за остварување на економскиот раст со задржување на ценовната стабилност и стабилноста на банкарскиот систем, изјави Богов, одговарајќи на новинарски прашања по денешната промоција на информативно-едукативните филмови „Народна банка – 70 години во служба на македонското општество“ и „Запознајте ја централната банка“.

Предлог буџетот за 2017 година е работен врз основа на проекција за раст на економијата од 3 отсто следната година.

Во проекцијата за растот, според ресорниот министер Кирил Миноски, се инкорпорирани предвидувањата за глобалниот раст следната година, ефектите од Брегзитот, кои ќе влијаат на успорување на растот во земјите на ЕУ, како и очекувањата за домашната состојба, односно разрешување на политичката криза по завршување на парламентарните избори.

Вкупните приходи се планираат на ниво од 187,6 милијарди денари, што е за 7,6 отсто повеќе во однос на 2016 година, вкупните расходи на ниво од 206,22 милијарди денари, или за 4,5 отсто повеќе во однос на годинава, а капиталните инвестиции да имаат рекорден износ од 26,95 милијарди денари. Буџетскиот дефицит е предвидено да изнесува 3 отсто од БДП, односно 18,6 милијарди денари во апсолутен износ.

Би можело да ве интересира

Ангеловска-Бежоска: Енергетскиот шок предизвика значајни притисоци кај инфлацијата и девизните резерви

Ангеловска-Бежоска: И покрај шоковите, стабилноста на домашната валута зачувана, а девизните резерви повисоки за 40%

Ангеловска-Бежоска: Се уште не гледаме позначителни надолни прилагодувања кај цените на храната

Ангеловска-Бежоска: Финансиската вклученост е значително зголемена изминатите години, работиме на натамошно унапредување

Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити за домаќинствата во март 5,4 проценти

Средби со Светска банка: Светска банка со поддршка на реформските активности на Народната банка за пристапување кон СЕПА