БМВ оствари добивка од над три милијарди евра

Од:

Германскиот производител на премиум автомобили, БМВ, објави раст на кварталниот профит пред даночењето во првиот квартал од 27 отсто, во голема мера под влијание на растот на вредноста на неговиот удел во сервисот за мапирање HERE, по влезот на Интел.

Позитивно влијание на бруто резултатот додадоа и финансиските приходи, како и подобрите резултати на кинескиот „joint venture-a” BMW Brilliance Automotive. Добивката пред данокот во првиот квартал достигна 3,01 милијарда евра, значајно над проценките на пазарот од 2,38 милијарди и 2,25 милијарди евра, кога ќе се одбијат еднократните ефекти.

Вредноста на уделот на БМВ во HERE придонесе на резултатот со 183 милиони евра, додека финансискиот резултат е поддржан од профитот со 122 милиони евра.

Би можело да ве интересира

Полицијата изврши претрес во седиштето на корејското БМВ

Наум Локоски

БМВ ќе гради фабрика во Унгарија вредна една милијарда евра

Наум Локоски

БМВ повлекува 312.000 автомобили од британскиот пазар

Наум Локоски

БМВ очекува сериозно забавување на кинескиот пазар за автомобили

Наум Локоски