Бизнис заедницата со допис до МЗШВ и Анѓушев бара укинување на скалестото субвенционирање во земјоделството

Од:

Стопанската комора на Македонија, Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ), Стопанската комора на северозападна Македонија (СКСЗМ) и Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) испратија официјален допис до Министерството за земјоделство со кој бараат да се поттикне дискусијата и решавањето на проблемите што ги засегаат микро, малите и средните претпријатија од земјоделскиот бизнис сектор.

Укинување на скалестиот систем на субвенционирање во земјоделството, измена на Законот за семенски и саден материјал, како и подобрување на конкурентноста на македонското земјоделско производство, се трите идентификувани проблеми за кои коморите во дописот нудат и предлог-решенија.

Копија од дописот, како што информираат, е доставена и до Кабинетот на вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.

-Повикуваме на конструктивен дијалог за заедничко креирање на сите политики кои ја засегаат бизнис заедницата за да се избегнат непоправливите штети врз македонското стопанство од законските решенија во кои не се земени предвид сите релевантни фактори, стои во дописот.

Изминатиот период четирите стопански комори организираа информативни настани и форум дискусии во повеќе градови низ државата за да се слушне гласот на бизнис заедницата. На овие настани учествуваа голем број компании од повеќе сектори. Активностите се дел од проектот „Партнерство за подобра бизнис регулатива“, финансиран од страна на УСАИД и имплементиран од ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал во партнерство со четирите стопански комори.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петрушевски: Арекспорт со договор кој го потпишал Љупчо Николовски се обврзале на инвестиција од над 2.4 милиони евра, не реализирале ниту 300 илјади

МЗШВ: Префрлени се сто милиони денари на АД Водостопанство за заостанатите плати

МЗШВ: Лозарите претходната Влада ќе ја паметат по ниските откупни цени и безредие

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани грла говеда

МЗШВ: Исплатени субвенциите за остварено производство во овоштарство и градинарство со вредност од 302 милиони денари кон 13.440 земјоделци

МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата