Битиќи: Растот на БДП е показател дека спроведуваме соодветни економски политики

Од:

Растот на БДП во третиот квартал од годинава е показател дека сме на вистинскиот пат и дека во последните две години спроведуваме соодветни економски политики, напиша попладнево вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи на неговиот Фејсбук профил.

– Официјалните статистички бројки за движењето на целата економија во третиот квартал од 2021 бележат раст на БДП од 3 проценти, со што стапката на раст за првите три квартали во 2021 е 4,9 проценти и истата е на нивото од планот и проекциите за раст на економијата за цела 2021 година од 4,1 проценти. Ваквиот раст го бележиме во кварталот кога нашиот најголем економски партнер Германија, кон која остваруваме скоро половина од извозот на државата, бележи раст на БДП од 2,5 проценти и се уште е под негативно влијание на пандемијата и нарушените синџири на снабдување. Иако БДП не секогаш ја дава целосната слика и јас не сум поборник да се водиме само по него како показател, сепак бројките не лажат. Имаме пораст, имаме заздравување на економијата проследено со константно зголемување на платите, наведува Битиќи.

Државниот завод за статистика денеска објави дека стапката на раст на Бруто-домашниот производ (БДП) во третиот квартал изнесува три проценти.

Би можело да ве интересира

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените за задолжителна осигурителна полиса, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Битиќи: Ако не успее сега, владата на СДСМ по 9 мај ќе ги продолжи стратешките инвестиции во енергетиката

Ковачки: Постојат сериозни сомнежи за трговија со влијание на Битиќи и Муслиу, за нивните сопруги да добијат 620.000 евра грант, а ЈО молчи четири дена

За намалување на платите на функционерите требало консензус од сите засегнати вели Битиќи

Потпишан договорот за реконструкција и адаптација на новиот простор на Џез оркестарот

Битиќи: Заедно ја креиравме Националната развојна стратегија