Битиќи: Процесот за ребалансот на Буџетот ќе биде заокружен до крајот неделата, ќе се крати се она што очигледно не може да се реализира до крајот на годината

Од:

Ребалансот на Буџетот ќе биде заокружен како процес до крајот на неделата. Ќе се крати она што очигледно нема да може да биде реализирано до крајот на годината. Можно е зголемување на дефицитот, а проекцијата за БДП е со пад од 4 отсто.

Ова го најави вицепремиерот задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи денеска одговорајќи на новинарски прашања.

-Ребалансот на буџетот ќе биде заокружен како процес до крајот на неделата. Ќе биде скратено сето она што очигледно не може да биде изреализирано до крајот на годината, но тоа нема да биде голем товар на целокупното функционирање на државата. Мислам дека ќе се зголеми евентуалниот дефицит затоа што четвртиот пакет на мерки ќе одговара на потребите на граѓаните, а проекциите на Владата за стапката на БДП се дека годината ќе биде завршена со негатива од минус 4 проценти, изјави Битиќи.

Би можело да ве интересира

Седум години ЕЛС: Ќе бидеме најинтегрираната компанија во регионот

Предраг Петровиќ

Трамп лансира сопствена валута: Цената порасна за 4.000 отсто

Луксузниот хотел во Белград ќе се вика Трамп

Предраг Петровиќ

СДСМ: Поради неспособноста на Трипуновски нема откуп на оризот

Пред пропаѓање и италијанската автомобилска индустрија

Америка воведе санкции за српската нафтена индустрија