Битиќи, Николовски и Бектеши во Солун на тркалезна маса за енергетска соработка и средби со грчки компании

Од:

Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, вицепремиерот за борба против корупција, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски и министерот за економија Крешник Бектеши, денеска во Солун ќе учествуваат на тркалезна маса на тема: „Регионална енергетска безбедност и соработка“, што ја организираат Федерацијата на индустрии на Северна Грција.

На тркалезната маса ќе учествуваат и државниот секретар на САД, Мајкл Помпео и министерот за развој, конкурентност, инфраструктура, транспорт и врски на Грција, Костис Хаѕидакис.

Предвидено е владина делегација да го посети и ИКТ технолошкиот парк во Солун и да има средби со неколку грчки компаниии, соопшти владината прес-служба.

Би можело да ве интересира

Седум години ЕЛС: Ќе бидеме најинтегрираната компанија во регионот

Предраг Петровиќ

Трамп лансира сопствена валута: Цената порасна за 4.000 отсто

Луксузниот хотел во Белград ќе се вика Трамп

Предраг Петровиќ

СДСМ: Поради неспособноста на Трипуновски нема откуп на оризот

Пред пропаѓање и италијанската автомобилска индустрија

Америка воведе санкции за српската нафтена индустрија