Битиќи – Ал Тани: Постои потенцијал за зголемување на економската соработката помеѓу двете земји

Од:

Потенцијалите за економската соработка помеѓу Северна Македонија и Катар биле во фокусот на денешната средба на вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи со амбасадорот на државата Катар, Јасим бин Хамид Ал-Тани.

На состанокот, како што соопшти Кабинетот на вицепремиерот Битиќи, од двете страни е потврдено дека државите имаат пријателски односи и високо ниво на политичка соработка и дека во периодот кој следи, за развој на билатералните односи, фокусот треба да се постави врз развој и засилување на инвестиции, пораст на трговска размена и вкупна економска соработка со Катар, што е во заеднички интерес на земјите.

Вицепремиерот Битиќи на средбата ги презентираше поволностите за инвестирање во Северна Македонија, при што го презентираше и Интервентниот план за инвестиции до 2027 година, преку кој се планира реализација на проекти во повеќе сектори во вкупна вредност од 8 милијарди и 175 милиони евра. Тој посочи дека во овој план се внесени проекти од енергетиката, патната и железничката инфраструктура, преработувачката индустрија, малопродажбата, јавното здравство, комуналната инфраструктура и заштита на животната средина, како и во секторот туризам.

Вицепремиерот Битиќи и амбасадорот Ал-Тани, како што е наведено во соопштението, се согласија дека постои потенцијал за унапредување на економската соработка и дека во периодот кој следи ќе продолжат со интензивна меѓусебна комуникација за унапредување на економските односи помеѓу двете пријателски земји, а со крајна цел обезбедување побрз и одржлив економски раст и подобри услови за живот на граѓаните.

Би можело да ве интересира

Седум години ЕЛС: Ќе бидеме најинтегрираната компанија во регионот

Предраг Петровиќ

Трамп лансира сопствена валута: Цената порасна за 4.000 отсто

Луксузниот хотел во Белград ќе се вика Трамп

Предраг Петровиќ

СДСМ: Поради неспособноста на Трипуновски нема откуп на оризот

Пред пропаѓање и италијанската автомобилска индустрија

Америка воведе санкции за српската нафтена индустрија