Бислимовски: Сите процеси и чекори насочени кон сигурна и стабилна испорака на електрична енергија

Од:

Домашното производство на електрична енергија по први јануари, како и статусот и темпото за ангажирање на сите енергетски капацитети кои се на располагање во државава биле тема на денешниот редовен координативен состанок на Регулаторната комиисја за енергетика со енергетските компании ЕСМ, МЕПСО, ЕВН Хоме, Електродистрибуција, Операторот на пазарот на електрична енергија – МЕМО, ТЕЦ Неготино и со претставници на Владата и Министерство за економија.

Претседателот на РКЕ Марко Бислимоски посочи дека стабилноста на електроенергетскиот систем е императив и сите процеси кои се во тек и чекорите кои се преземаат од сите енергетски компании и институции согласно надлежностите се насочени кон сигурна и стабилна испорака на електрична енергија во државата.

-На состанокот се отворија прашањата за домашното производство на електрична енергија по први јануари и се презентираше статусот и темпото за ангажирање на сите енергетски капацитети кои се на располагање во државава. Што се однесува до предизвикот кој не очекува во однос на цената, компаниите сеуште немаат доставено барања до РКЕ за истата. Во периодот што следува компаниите ќе ги сумираат трошоците кои ги имаат во изминатиот период во кои клучна ќе биде цената по која ќе се набавуваат загубите за електрична енергија, а за кои МЕПСО и Електродистрибуција треба да распишат јавни повици и ќе ги достават до РКЕ, изјави Бислимовски.

Тој повтори дека како РКЕ ќе ги активираат сите механизми што се во рамки на нивна надлежност со цел заштита и на интересот на потрошувачите и на ликвидноста на енергетските компании.

Би можело да ве интересира

Грејната сезона почнува на 15 октомври, Регулаторна апелира да се платат сметките и да се проверат инсталациите

Катерина Ѓуровски

Поевтинува дизелот

Поскапува дизелот

Пониски сметки за струја во првиот блок, пристап до мрежа од 200 денари ќе плаќаат и оние што штедат

Катерина Ѓуровски

Парното поскапува, Регулаторна денеска ќе објави колку

Трговците ќе можат да не снабдуваат со струја од Косово – Регулаторна комисија потпиша соработка

A1on