Биогасната електрана Сарамзалино ќе биде пуштена во април, градежните активности во тек

Од:

Привршуваат градежните работи на биогасната електрана Сарамзалино во oпштина Лозово каде ќе биде опремата за обработка на биомасата, а започната е и монтажа на опремата за производство на биогас. До крајот на годинава се очекува испораката на генераторските единици и со нивната монтажа ќе се комплетираат градежните активности по што е предвидено пуштање во употреба на електраната во април наредната година.

Вкупната инвестиција во оваа електрана е шест милиони евра во првата фаза, што обезбедува 15 дополнителни нови работни места. Изградбата на електраната е започната во јули 2020 година.

Годишното производство на електрична енергија од обновливи извори, како што соопшти денеска премиерот Зоран Заев кој заедно со вицепремиерот Љупчо Николовски беа на увид во изградбата на електраната, ќе ја задоволи потрошувачката на 2.750 домаќинства во државата.

Стручноста во изведбата на електраната ја гарантираат компании од Австрија, со германска технологија кои работат во Северна Македонија.

– Оваа инвестиција ја заокружува својата цел да учествува во зголемувањето на домашното производство на електрична енергија од обновливи извори согласно Енергетската стратегија на државата, како и поттикнување и модернизација на земјоделското производство во регионот и унапредување на соработката со локалните фармери и стопанства. Инвеститорите имаат под концесија 200 хектари, а вкупно им требаат 600 хектари за севкупно максимално производство на електрична енергија, рече Заев.

Што се однесува до сопственото земјоделско производство, како што соопшти Заев, компанијата веќе има обезбедено државно земјиште под закуп на кое е започнат инвестициски проект за модернизација и унапредување на производството на силажна пченка преку воспоставување на подземни системи за наводнување.

Вицепремиерот Николовски посочи дека за разлика од претходно, сега слободното земјоделско земјиште се наменува за инвестициски проекти.

– Пред пет години овде бевме сведоци на пет илјади хектари коишто не се обработуваа со години. Отидовме чекор понатаму слободното земјоделско земјиште што остана, а кое беше целосно катастарски и со сите други останати постапки на Владата комплетно расчистено, да биде наменето за инвестициски проекти. Затоа, во овие неколку години, а и денеска сме сведоци на низа отворени јавни огласи – повици за доделување на земјоделско земјиште за крупни инвестициски проекти како што е и овој проект, рече Николовски.

Инвеститорот Петар Спасески нагласи дека еден од клучните проекти ќе биде системот за наводнување што оваа година е направен на 25 хектари како пилот проект и резултатите, како што посочи, се повеќе од очекуваните. Појасни дека се работи за систем „капка по капка“ поставен во земја, а вода е обезбедена од сопствени бушотини. Во тој систем ќе инвестираат во наредниот период 1,5 – 2 милиони евра за да се добие квалитетна и количински доволно жетва што ќе може да се користи во индустриската преработка.

– Како нуспроизвод ќе имаме два елементи – органско ѓубриво кое ќе треба да се дофабрикува за да може да биде достапно и за другите фармери, а исто така ќе имаме и топлинска енергија два мегавати која може да има многу наменска употреба од изградба на хотелски објекти, спа центри, оранжериско производство итн., појасни Спасески.

Градоначаликот на Општина Лозово Ацо Велковски нагласи дека покрај придобивките што ќе ги има локалната самоуправа, со отварање на нови работни места, овој проект директно ќе влијае во поттикнување и модернизација на земјоделското производство во регионот и унапредување на соработката со локалните земјоделски фармери бидејќи биогасната електрана покрај суровините што сама ќе си ги обезбедува, ќе врши и откуп на суровини од локалните преработувачи на храна и земјоделски продукти од земјоделците и фармерите, а во соработка со Јавното комунално претпријатие од Лозово ќе врши откуп на суровини од органско потекло од сите домаќинства во Општината и регионот.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Германските стопанственици гледаат огромен потенцијал во Владата, очекуваат да се реализираат големи инвестиции

Мицкоски: Во периодот што следи работиме на три нови инвестиции

Влада: Инвестираме историски највисоки 250 милиони евра за капитални проекти во општините

(ВИДЕО) Мицкоски: Одвоивме 250 милиони евра за инфраструктурни и капитални проекти за развој на општините

Горан Наумовски

Мицкоски: Колку повеќе ќе биде успешна бизнис заедницата, толку ќе биде поуспешна и самата Влада

Се јави и трет за истата германска инвестиција: Не е ниту СДСМ, ниту ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ