Бензините поскапуваат за половина, дизелот за еден денар

Од:

Малопродажната цена на бензините од ноќеска но полноќ се зголемува за половина, а на дизелот и екстра лесното за еден денар.

Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, новата цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 68 денари, на Еуросупер БС-98 ќе биде 69,50 денари, Еуродизелот ќе се продава по 60 денари за литар, додека екстра лесното масло за домаќинство по 48,50 денари.

Согласно одлуката се зголемува и малопродажната цена на мазутот и ќе изнесува 28,72 денари за килограм.

Просечната цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена изнесуваше 68,9 долари за барел, а курсот на денарот во однос на доларот 50,003 денари.

Би можело да ве интересира

Поскапи горива од полноќ

Повисоки цени на горивата од полноќ

Намалување на цените на горивата

Катерина Ѓуровски

Поевтинува мазутот, цените на бензините и на дизелот не се менуваат

Поскапуваат бензините

Поскапуваат горивата

Катерина Ѓуровски