Бензините поскапуваат за половина денар, цената на дизелот останува иста

Од:

Цените на бензините и на Екстра лесното масло домаќинство од ноќеска на полноќ поскапуваат за половина денар по литар, а цената на дизел горивото ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергатика (РКЕ).

Со одлуката се врши зголемување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,78, односно за 0,14 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 62,50 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 64, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 38,50 денари за литар. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) останува непроменета, односно  49,50 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,526 денари за килограм се намалува малопродажната цена на мазутот М-1 НС и сега ќе изнесува 20,787 денари за килограм.

Како причина за зголемувањето на цената на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат за 3,20 отсто пониската просечна цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена и за 3,245 отсто повисокиот курс на доларот во однос на денарот.

Би можело да ве интересира

Поскапува дизелот, цената на бензините останува иста

Поскапуваат горивата

Поскапуваат бензините и дизелот

Горан Наумовски

Поевтинува мазутот

Поевтинуваат бензините и дизелот

Поевтинува ЕУРОСУПЕР БС – 95