Бензините поскапуваат за половина денар

Од:

Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за половина денар по литар, а цената на дизел горивата останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Со одлуката се врши зголемување на рафинериските и на малопродажните цени во просек за 0,86, односно за 0,7 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 67, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 69 денари за литар. ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и понатаму ќе чини 53,5, а екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 42 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,718 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и ќе изнесува 28,827 денари за килограм.

Како причина за зголемувањето на цената на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат за 1,6 отсто повисоката просечна цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена и за 0,33 отсто понискиот курс на доларот во однос на денарот.

Би можело да ве интересира

Поскапува дизелот, цената на бензините останува иста

Поскапуваат горивата

Поскапуваат бензините и дизелот

Горан Наумовски

Поевтинува мазутот

Поевтинуваат бензините и дизелот

Поевтинува ЕУРОСУПЕР БС – 95