Бензините поскапуваат за два денара

Од:

Малопродажната цена на бензините и дизелот од ноќеска на полноќ се зголемува за два денари.

Според Одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, новата цена на Еуросупер БС – 95 ќе изнесува 83 денари за литар, на Еуросупер БС-98 ќе биде 84,50 денари и на Еуродизелот 70 денари за литар.

Малопродажната цена на Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 1,50 денари за литар  и ќе изнесува 58,50 денари. Се зголемува и цената на мазутот и ќе изнесува 42,18 денари.

Просечната цена на суровата нафта на светскиот пзар изнесуваше 113,5 долари за барел, а курсот на денарот во однос на доларот изнесуваше 45,46 денари.

Би можело да ве интересира

Поскапуваат ЕУРОСУПЕР БС-95 и Екстра лесното масло за домаќинство

Поевтини горива од полноќ

Од полноќ поевтини горива

Катерина Ѓуровски

Поскапуваат горивата

Поскапи горива од полноќ

Повисоки цени на горивата од полноќ