Малопродажната цена на бензините од ноќеска на полноќ се зголемува за два, а на дизелот за три денари, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.
Според денеска донесената одлуката, новата цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 64 денари за литар, на Еуросупер БС-98 ќе биде 66 денари, Еуродизелот ќе се продава по 50 денари за литар, додека екстра лесното масло за домаќинство за 38,50 денари.
Се зголемува и цената на мазутот и ќе изнесува 20,88 денари за килограм.
Просечната цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена е повисока за 8,82 проценти. Курост на денарот во однос на доларот е повисок за 1,74 проценти, а референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар кај бензините бележат зголемување во просек за 8,21 процент или 38,8 долари за тон. Кај дизелот зголемувањето е за 12,23 проценти односно 46,55 долари за тон.