Бензините поевтинуваат за половина денар, цената на дизелот иста

Од:

Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за половина денар по литар, а цената на дизелот останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,41 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 59, а ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 61 денари за литар. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ1) остануваат 50,5 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,109 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 26,754 денари.

Како причина за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат намаленат референтна цена на бензинот во изминатите седум дена во просек за околу 2,515 отсто, зголемената кај дизелот за околу 0,074 отсто, како и за 0,006 отсто повисокиот курс на денарот во однос на доларот.

Би можело да ве интересира

Поскапува дизелот, цената на бензините останува иста

Поскапуваат горивата

Поскапуваат бензините и дизелот

Горан Наумовски

Поевтинува мазутот

Поевтинуваат бензините и дизелот

Поевтинува ЕУРОСУПЕР БС – 95