Бензините поевтинуваат за денар, дизелот за 1,5 денари

Од:

Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за денар, а дизелот за 1,5 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95  ќе изнесува 77,50 денари за литар, на ЕУРОСУПЕР БС-98 79 денари, а на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) 66 денари. Екстра  лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) поевтинува за денар, а литар од овој енргенс ќе се продава за 55 денари. Цената на мазутот М-1 НС се намалува за 0,834 денари за килограм и ќе чини 38,620 денари.

Намалувањето на малопродажната цена на нафтените деривати во просек е за 1,82 проценти. РКЕ ја донесе одлуката за поевтинување на горивата врз основа на просечната цена на суровата нафта на светскиот пазар и одност на денарот во однос на доларот во изминатите две  недели.

Би можело да ве интересира

Нови цени на бензините и дизелот

Поскапува мазутот

Поскапува дизелот

Поскапува дизелот

Поевтинуваат дизелот и Еуросупер БС-98

Горан Наумовски

Поскапува дизелот, цената на бензините останува иста