Бензините поевтинуваат за четири, дизелите за 1,5 денари

Од:

Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за четири денари, а цената на дизел горивата се намалува за 1,5 денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетија (РКЕ).

Со одлуката на РКЕ се врши намалување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 4,01, односно за 2,83 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 79,50, а ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 81 денари за литар. ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе чини 71,50, додека Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе се продава за 60,50 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,554 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС  кој сега ќе чини 42,220 денари за килограм.

Како причина за намалувањето на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат за 2,988 отсто пониската цена на суровата нафта на светскиот пазар во изаминатите 14 дена и за 0,99 отсто понискиот курс на доларот во однос на денарот.

Би можело да ве интересира

Поскапува дизелот, цената на бензините останува иста

Поскапуваат горивата

Поскапуваат бензините и дизелот

Горан Наумовски

Поевтинува мазутот

Поевтинуваат бензините и дизелот

Поевтинува ЕУРОСУПЕР БС – 95