Бензините поевтинуваат до два, а дизелот за 1,5 денари

Од:

Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за 1,50 денари, односно за 2 денара за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 83,50 ден/лит, а ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава по 85 денари за литар. ЕУРОДИЗЕЛ се намалува за 1,50 денари и ќе чини 71 денар за литар.

Намалување за 1,50 денари има и кај Екстра лесното масло за домаќинство чија цена ќе изнесува 59,50 ден/лит. Малопродажната цена на мазутот се намалува за 0,598 ден/кг  и ќе изнесува 43,005 ден/кг.

Корекцијата на цената на нафтените деривати е поради пониската просечната цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатиот 14-дневен период и повисокиот курс на денарот во однос на доларот.

Би можело да ве интересира

Поскапува дизелот, цената на бензините останува иста

Поскапуваат горивата

Поскапуваат бензините и дизелот

Горан Наумовски

Поевтинува мазутот

Поевтинуваат бензините и дизелот

Поевтинува ЕУРОСУПЕР БС – 95