Бензините поевтинуваат, дизелот останува со иста цена

Од:

Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат од 0,5 до еден денар за литар, а цената на дизелот ќе остане непроменета и во нарредните 14 дена, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Бензинот Еуросупер БС-95 поевтинува за еден денар и ќе чини 79 денари за литар. Цената на Еуросупер БС-98, пак, се намалува за 0,5 денари и ќе се продава по 80 денари за литар.

Еуродизелот и екстра лесното масло за домаќинство остануваат со досегашните цени – 67,5 односно 56 денари за литар.

За 0,782 денари поскапува мазутот, и еден килограм ќе чини 40,492 денари.

Би можело да ве интересира

Поскапува дизелот, цената на бензините останува иста

Поскапуваат горивата

Поскапуваат бензините и дизелот

Горан Наумовски

Поевтинува мазутот

Поевтинуваат бензините и дизелот

Поевтинува ЕУРОСУПЕР БС – 95