Малопродажните цени на бензините од ноќеска на полноќ се намалуваат за половина денар, а дизелот и екстра лесното се зголемуваат за половина денар.
Според Одлуката на Регулаторната комисија за Енергетика, цената на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 78,50 денари за литар, на Еуропсупер БС-98 ќе изнесува 80 денари, на Еуродизелот 67 денари за литар и на Екстра лесното масло за домаќинство 56 денари за литар.
Се намалува и малопродажната цена на мазутот и ќе изнесува 40,4 денари за килограм.