Бензините поевтини за половина денар

Од:

Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за половина денар по литар, а цената на дизел горивата останува иста, одлучи денеска Регулаторната комсија за енергетика (РКЕ).

Со овдлуката се врши намалување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,93, односно за 0,56 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 61,5, а на ЕУРОСУПЕР БС-98, 63 денари за литар. Цените на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), не се менуваат, односно остануваат 48 и 36,5 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,387 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и сега ќе чини 22,408 денари за килограм.

Како причина за намалување на цените на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат за 0,832 отсто пониската просечна цена на сурова нафта на светскиот пазар во изминатите две недели и за 0,148 отсто понискиот курс на доларот во однос на денарот.

Би можело да ве интересира

Поскапува дизелот, цената на бензините останува иста

Поскапуваат горивата

Поскапуваат бензините и дизелот

Горан Наумовски

Поевтинува мазутот

Поевтинуваат бензините и дизелот

Поевтинува ЕУРОСУПЕР БС – 95