Малопродажните цени на бензините и дизелот од ноќеска на полноќ се намалуваат за три денари по литар.
Според oдлуката на Регулаторната комисија за енергетика, Еуросупер БС – 95 ќе се продава по 60 денари за литар, Еуросупер БС-98 за 62 денари, Еуродизелот за 47 денари и Екстра лесното масло за домаќинството 35,5 денари за литар.
Се намалува и цената на мазутот и ќе се продава по 21,947 денари за килограм.
Просечната цена на суровата нафта изнесуваше 44,073 долари за барел, додека курсот на денарот во однос на доларот изнесуваше 55,9 денари.