На седницата одржана на 11.02.2013 година, Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија, ја донесе Одлуката за определување на највисоки цени на одделни нафтени деривати утврдени согласно Методологијата.
Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за1,51 %.
Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 2,50 ден/лит, во однос на цените утврдени согласно Одлуката од 28.01.2013 година.
Така цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84,00 ден/лит, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 85,50 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 0,50 ден/лит, во однос на цената утврдена согласно Одлуката од 28.01.2013 година. Така цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 71,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 0,50 ден/лит, во однос на цената утврдена согласно Одлуката од 28.01.2013 година.
Така цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 60,50 ден/лит. Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,404 ден/кг, во однос на цената утврдена согласно Одлуката од 28.01.2013 година. Така цената на М-1 НС изнесува 42,928 ден/кг.