Бектеши: Еднакви услови за домашните и странските компании

Од:

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска одржа работна средба со Пинто Рикардо, тим лидер на проектот за ревизија на индустриската политика 2009-2020 година во Македонија.

На средбата, информира Министерството за економија, Бектеши беше информиран за анализата со која ќе бидат идентификувани индустриските сектори кои имаат потенцијал за економски развој и зголемување на извозот, а ќе биде изработена во рамки на проектот, во соработка со Министерството за економија.

Министерот Бектеши на Рикардо и на неговиот тим им понудил целосна поддршка за периодот од 12 месеци, колку и ќе трае проектот.

Овој проект се состои од пет компоненти, и тоа: дополнување на Стратегијата за индустриска политика 2009 – 2020, формирање одделение во Министерството за економија за следење и eвалуација на политиките за индустријата и малите и средните претпријатија, ажурирање на веб-страницата ‘konkurentnost.мк’, натамошен развој и евалуација на кластерите, како и практична работа со три најуспешни кластери во земјата.

Проектот, во соработка со Министерството за економија, до септември ќе излезе со извештај кој ќе произлезе од спроведените анализи за активностите на индустрискиот сектор, а ќе содржи предложени мерки за забрзување на неговиот развој.

Проектот за ревизија на индустриските политики 2009-2020 е поддржан од Европската Унија со буџет од 250.000 евра, кои ќе се користат за анализа на работата на индустриските сектори во земјата.

Би можело да ве интересира

Градење кариери, не само дипломци: Heidelberg Faculty of Skopje во партнерство со водечки компании во банкарството и осигурувањето

Во мај следната година ќе биде пуштена во употреба првата половина од автопатот Кичево-Охрид, најави Мицкоски

ЕСМ: Соработката со потрошувачите е клучна за претстојната грејна сезона

Предраг Петровиќ

Покана до сите дами – Grand Casino Admiral ве очекува на незаборавна Ladies night!

Откупувачите на јаболко после средбата со министерот Трипуновски: Минималната откупна цена за ајдарет ќе изнесува 18 денари

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ