Работата врз системот за укинување на проблематични банки пред тие да ја загрозат пошироката економија, е од клучно значење оваа година, соопшти денеска ЕК.
Претседателот на ЕК, Жозе Мануел Баросо изјави дека покрај плановите за покренување на единствениот банкарски надзор во еврозоната, пред летото ќе изнесе „формален предлог закон за единствен механизам за решавање на проблемите во банкарскиот сектор“.
– Сметам дека тоа прашање е апсолутен политички приоритет. Тој предлог не е ништо помалку значаен од единствен надзор и нема да биде ништо поедноставен во правна, техничка и политичка смисла, наведе Баросо.
Лидерите во ЕУ на самит од минатиот месец одобрија формирање Единствен надзорен механизам, регулатор кој ќе функционира паралелно со Европскиот стабилизациски механизам. Цел е надзор и помош на кредитори во проблеми пред да направат преголема шетат врз економијата.