Банкарска гаранција од „Сахара груп“ за инвестицијата во „Џумајлија“

Од:

Индиската компанија „Сахара груп“ на милијардерот Субрата Рој го објави инвестицискиот план за Агрокомбинатот „Џумајлија“, каде за три години планира да вложи 300 милиони евра.

На прес-конференција во присуство на премиерот Никола Груевски и министерот за земјоделство, Љупчо Димовски, Рој информираше дека е доставена банкарската гаранција со која 100 процентно ја потврдува инвестицијата.

Во првите 18 месеци индискиот инвеститор најавува отворање нови 900 работни места, а за 3 години 2.000.  За година и половина планира да набави 8.000 крави, а за три години 20.000.

Од вкупниот износ на инвестицијата за 18 месеци компанијата е обврзана да вложи 60 милиони евра. Индискиот инвеститор најави и дека ќе отвори најсовремена млекарница. На површината на „Џумајлија“ во првите три години треба да бидат произведени 75.000 тони сточна храна.

Министерот Димовски потврди дека е доставена банкарската гаранција која треба да обезбеди почеток на инвестицијата.

Интересот на државата од инвестицијата, според Димовски, е пред се во отворање нови работни места и развој на земјоделството, особено во сточарството. Остануваме отворени за секаква соработка и помош за реализирање на оваа инвестиција, истакна Димовски.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Споменикот на Мајка Тереза на плоштад ќе биде украсен со милосрдни сестри, ангели и декоративни венци

Ана Ололовска

Синот на Субрата Рој, Сушанто, пред суд за неплатен долг

Ана Ололовска

Тимотеј за А1он: Дали е за Субрата или за некој друг „Субрата“, Црквата не е заинтересирана за отуѓување на имотот

Ана Ололовска

Сахара Индија Паривар: Остануваме посветени, Македонија е главниот фокус за нашите бизниси

Ана Ололовска

(ВИДЕО) ЛДП бара оставка од Груевски поради белосветската измама со Субрата Рој

Ана Ололовска

СДСМ: Субрата Рој стана наводен инвеститор и за Груевски откако нанесе непоправливи штети

Ана Ололовска