Банка на РМ е предлогот за новото име на НБРМ

Од:

Банка на Република Македонија е предлогот за новото име на Народната банка на Република Македонија предвидено со последните уставни измени.

Според гувернерот на НБРМ Димитар Богов во меѓународната пракса има примери и за досегашното име и за идното име на Централната банка.

– Преовладува новата опција за името. Во светот имаме Банка на Франција, Банка на Шпанија, Банка на Англија…, така што тој тип на име доминира, изјави Богов.

Тој додаде дека со промена на името ќе се менуваат и банкнотите, но оти тој процес ќе се одвива постепено, со печатење нови банкноти кога од употреба ќе се повлечат старите поради излитеност.

Би можело да ве интересира

Во јануари годишен раст од 11,0% на депозитите, а 11,3% на кредитите

Европската централна банка ја продолжи можноста за пристап до репо-линијата за Народната банка до 2027 година

Усвоен Кварталниот извештај: Макроекономските движења минатата година соодветствуваат со проекциите на Народната банка

ЕК формира Управувачки Комитет за СЕПА

А1он

Во декември годишен раст од 12,4% на депозитите, а 11,2% на кредитите

Ангеловска-Бежоска: Монетарната политика со значителен придонес за забавувањето на инфлацијата