Балкан Енерџи Груп ќе учествува на тендерот за Чебрен и Галиште

Од:

Балкан Енерџи Груп подигна тендерска документација за учество на јавниот повик за изградба на хидроцентралите Чебрен и Галиште на Црна Река.

– Имаме намера да инвестираме во мега-проектот Чебрен – Галиште, за што подигнавме тендерска документација, како и во други проекти за производство на електрична и топлинска енергија во Скопје, пред се заради зголемување на квалитетот на услугата кон граѓаните, преку подобрување на енергетската ефикасност на енергетскиот систем и неговите перформанси. Со реализација на овие активности, во голема мера ќе придонесеме за енергетската независност и стабилност на Република Македонија, велат од компанијата.

Балкан Енерџи Груп е македонска компанија со странски капитал основана од Кардикор Инвестмент ЛТД и Битар Холдинг ЛТД, која инвестира во производствени енергетски капацитети и дејности.

Балкан Енерџи Груп учествуваше на јавниот повик на Регулаторна комисија за енергетика за добивање лиценци за производство, дистрибуција и снабдување со топлина, при што ги исполни сите барања и од 1 јануари годинава ја презеде обврската за производство, диструбуција и снабдување со толинска енергија на градот Скопје.

Би можело да ве интересира

Земјите членки на ЕУ ќе мора да ги проверуваат инвестициите надвор од еврозоната

До крај на годинава повеќе од милијарда евра директни странски инвестиции, најави Мицкоски

Мицкоски: Германските стопанственици гледаат огромен потенцијал во Владата, очекуваат да се реализираат големи инвестиции

Мицкоски: Во периодот што следи работиме на три нови инвестиции

Влада: Инвестираме историски највисоки 250 милиони евра за капитални проекти во општините

(ВИДЕО) Мицкоски: Одвоивме 250 милиони евра за инфраструктурни и капитални проекти за развој на општините

Горан Наумовски