Азески – Цоцос: Политиката не смее да биде пречка за бизнис соработката

Од:

Една милијарда американски долари е економската размена со Република Грција. Јужниот сосед е втор наш партнер и најголем инвеститор. Ние сакаме оваа соработка и натаму да се зајакнува и да се продлабочува. Затоа ги поздравуваме и ги поттикнуваме добрите економски односи меѓу двете економии, изјави претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески на денешната средба со претседателот на Регионалната комора на Пела, Јорданис Цоцос.

Азески и Цоцос во текот на разговорите ја истакнаа потребата од зајкнување на регионалната институционална и бизнис соработка на компаниите.

– Како економија и бизнис заедница не не засегаат политичките случувања. На идентичен поглед наидовме и кај претставниците на грчките партнери. Сметам дека можеме да соработуваме како добри соседи во многу сектори на економската размена и освојувањето трети пазари, рече Цоцос кој беше домаќин на средбата на регионалните комори од Битола и Воден.

Според него, има европски проекти што се однесуваат на двете држави, но постојат извесни пречки во нивната реализација и тие мора да бидат надминати во корист на двете држави и економии.

На средбата Азески беше информиран дека регионот Пела е најголем производител на овошје и зеленчук, со големи капацитети во преработувачката индустрија.

– Во овој дел од Грција, како производството на овошје и зеленчук и развојот на преработувачките капацитети, се повеќе се развива и металната индустрија, а компаниите бараат и нови пазари. Европа не смее да биде единствената алтернатива, потенцира Цоцос.
Двајцата соговорници се согласија дека од посебна важност е развојот на индустријата, како клучна гранка на стопанскиот скетор и поттикнувач на економскиот развој.

Стопанската комора, како што истакна Азески, десетина години се залага тоа да биде приоритет.

– Мораме да ги убедиме нашите влади да се вратат кон поттикнување на развојот на индустриското производство. Ние сме мала земја и нашето економско опстојување мора да се потпре и на извозот и на индустријата, констатираа претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески и претседателот на Регионалната комора на Пела Јоргос Цоцос.

Би можело да ве интересира

Во тек се преговорите со откупувачите за новата реколта тутун

Државниот инспекторат за животна средина се врати во матичното Министерство

Триесеттина патници дневно на повторно воспоставената железничка линија Скопје-Куманово-Скопје

Што растеше побрзо – платите или цените?

Доналд Трамп назначи бизнисмен со српско потекло за шеф на државната банка

Намален прометот во индустријата