Авиокомпанијата Иберија планира привремено да отпушти третина од своите работници

Од:

Шпанската авиокомпанија „Иберија“ најави привремено отпуштање на 4.000 до 5.000 работници од вкупно 15.200 вработени поради промени во организацијата на компанијата и намалена побарувачка за летови поради рестриктивните мерки предизвикани од коронавирусот.

Шпанската авиокомпанија издаде соопштение во кое се наведува дека изразила желба до синдикатите да се отворат преговори во врска со привременото отпуштање на речиси една третина од работниците.

Тоа го стори откако владата и синдикатите не успеаја да се договорат за продолжување на вонредните државни мерки воведени во март 2020 година поради коронавирусот.

Шпанските компании можат привремено да ги откажат договорите на работниците за време на пандемија. Работниците за време на тој привремен отказ (ЕРТЕ) добиваат 70 проценти од својата плата во првите шест месеци, а потоа добиваат 50 проценти благодарение на владината поддршка.

Мерката истекува за девет дена, на 30 септември, а синдикатите се обидуваат да ја продолжат до 31 јануари.

Би можело да ве интересира

Дилер на дрога загина во судир со брод на шпанската цивилна гарда

Експлозија во фабрика за оружје во Шпанија, има повредени

Шпанија: Во бурата Херминио тројца повредени, 13.000 луше се без струја

ВИДЕО: Најмалку 30 повредени во несреќа на жичница во Шпанија:

Катерина Ѓуровски

Фудбалерите на Шпанија во Валенсија ќе ја пречекаат Холандија во Лигата на нации

(ВИДЕО) Експлозија во фабрика во Шпанија, има мртви и повредени