АСЕАН ќе стане четврта економска сила во светот

Од:

Идната година формирањето на Економската Заедница на АСЕАН ќе стане реалност, а според стапките на развојот оваа групација на 10 држави на Југоисточна Азија ќе стане четврта економска сила во светот. Ваквите оптимистчки најави ги соопшти претседателот на Мјанмар Теин Сеин на отворањето на дводневниот самит за бизнис и инвестиции, што е вовед во годишниот состанок на шефовите на држави и влади на АСЕАН, што започнува утре во Мјанмар.

Теин Сеин, кој годинава претседава со АСЕАН соопшти дека годинава десетте држави од Асоцијацијата ќе остварат бруто домашен производ од 2.500 милијарди долари. Во регионот со 600 милиони жители, во последниве две години се реализирани над 236 милијарди долари директни странски инвестиции.

Членките на АСЕАН, Мјанмар, Лаос, Камбоџа, Тајланд, Малезија, Виетнам, Индонезија, Филипините, Брунеи и Сингапур во последнве две децении претрпеле огромни штети предизвикани од природни, но и политички катастрофи, а во оваа деценија работите тргнаа во мошне позитивна насока. Формирањето на Економската Заедницана АСЕАН, со речиси идентичен систем на ЕУ, новите мултилатерални економски спогодби за регионот Азија-Пацифик и стабиланата политичка ситуација во регионот придонесуваат населението во ова подрачје на иднината да гледа со оптимизам, нагласил претседателот на Мјанмар.

Би можело да ве интересира

Отворен самитот на АСЕАН во услови на тензии со Мјанмар

Ана Ололовска

Си: Кина нуди 1,5 милијарди долари за развојна помош на земјите од АСЕАН

Ана Ололовска

ВИДЕО: Држави од Азиско-пацифичкиот регион потпишаа најголем светски трговски договор за слободна трговија

Ана Ололовска

Северна Кореја одби учество на самит на АСЕАН

Ана Ололовска

Мун и Абе: Билатералните проблеми може да се решат единствено преку дијалог

Ана Ололовска

Трамп ги покани лидерите на АСЕАН на „специјален самит“ во САД

Ана Ололовска