Арсовска: Потребна е навремена помош за справување со ефектите од коронавирусот врз економијата

Од:

„Кај компаниите постои расположение да се почитуваат мерките кои Владата ги донесе за справување со штетните последици од Ковид-19, но за да се спречат поголеми штети по економијата мора да се размислува и за ургентна и навремена помош која институциите би му ја овозможиле на приватниот сектор“, вели претседателот на Сојузот на стопански комори, Данела Арсовска.

Според неа, мора да се размисли и околу тоа дали и колку ќе можат компаниите да го издржат притисок кој доаѓа од различни страни.

„Верувам дека институциите ќе реагираат навремено и дека ќе преземат мерки по примерот на САД, Германија, Словенија за да се намалат штетните последици по економијата, бидејќи тоа негативно ќе влијае на целото општество. Во останатите држави се изготвени предлози за финансиска помош за одржување на ликвидноста на компаниите што се најтешко погодени од влијанието на појавата, кои се добар пример за помош“, рече Арсовска.

Арсовска вели дека на приватниот сектор може да му се помогне на различни начини, преку одвојување на средства во буџетот, привремено ослободување или одложување на плаќањата на даночните обврски или пак преку поволни кредитни линии и можности за репрограмирање на обврските кои би ги овозможиле институциите и банките.

„Не треба да се дозволи компаниите да не можат да ги остварат планираните активности особено оние кои имаат производни процеси поврзани со извоз во земји кои ни се традиционални трговски партнери“, додаде Арсовска.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Марковска Илиевска: Аросовска ја ситни последната година од мандатот, скопјани не можат да видат ниту еден реализиран проект

Горан Наумовски

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска се виновни за најлошиот јавен превоз во Европа

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е партија која се бори за опстанок, Арсовска во коалиција со СДС и ДУИ од свои лукративни причини го уништи и колабира Скопје

Мицкоски: Со бизнисот ќе се заокружи инвестициска активност од 700 милиони евра, да креираме систем кој ќе донесе подобра иднина и повеќе работни места

Централната власт е најголем подмитувач на бизнисот тврди Стопанската комора

Катерина Ѓуровски

„Бехтел и Енка“ бара од Стопанска Комора да им обезбеди 4.000 работници за работа на автопатите

A1on