Андоновски: Граѓаните да бидат многу внимателни при е-купувањето

Од:

Граѓаните да бидат многу внимателни, да проверуваат по неколку пати на е-платформите дали е вистински производот што се продава и да се консултираат со луѓе на кои им веруваат, лекари, фармацевти, за да бидат сигурни дека тоа што го купуваат е сигурно за употреба, апелира денеска министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски.

Одговорајќи на новинарски прашања во врска со честите измами на интернет, Андоновски напомена дека е многу важно во вакви случаи граѓаните веднаш да пријават за институциите брзо да интервенираат.

Интернет измамите, како што рече министерот, се феномен со кој се соочуваат сите држави, а со оглед дека станува збор за независни платформи како Фејсбук, инстаграм и тик-ток врз кои земјите немаат регулаторна контрола, мора да се најдат хибридни или „странични“ начини за справување.

-Многу е значајно луѓето кои се злоупотребени да пријавуваат, но и лицата, модерно наречени инфлуенсери, доктори , јавни личности,…, кога ќе забележат дека нивниот идентитет е украден или злоупотребен, тоа да го пријавуваат за да можеме веднаш да реагираме. Постои сега и нов феномен на Инстаграм со формирање лажни профили на јавни личности. Тоа е нешто со кое сите се соочуваме, но брзото реагирање кон државните институции и кон платформите, овозможува тие профили да се симнат многу брзо. Интернет измамите се феномен со кој се соочуваат и граѓаните во Македонија, но и во целата Европската унија. Остануваме отворени за граѓаните да пријавуваат кога ова ќе се случи, но многу повеќе треба да работиме на градење вештина за препознавање и во таа насока е и центарот за побезбеден интернет на кој работиме и кој ќе биде ресурс за граѓаните, особено за помладите, да можат да препознаваат ваков тип измами на интернет, истакна Андоновски пред почетокот на регионална конференција за е-трговија.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Андоновски да не релативизира, Клинчарова им е надредена на сите што ги спроведувале тендерите

Андоновски вели нема конфликт на интереси во тоа што фирмата на сопругот на државната секретарка добила тендери, таа не учестувала во постапката

(ВИДЕО) Во Министерството на Андоновски, жената Државен секретар, мажот добива тендери обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

Андоновски: Ќе се ревидира упатството за постапување на училиштата при хибридни закани

А1он

ТикТок ќе се забрани доколку некоја појава од инцидент прерасне во пракса, вели Андоновски

Андоновски: Стратегијата за сајбер безбедност претставува пресвртница во процесот на дигитална трансформација на државата