АНАЛИЗА: По поплавите доѓа ценовен бран – ќе има ли доволно жито и зеленчук?

Од:

Увозната храна ќе поскапи, регионално ќе има недостиг на житарици, на домашниот пазар призводството ќе се намали, во прашање е доведена пролетната сеидба. По катастрофалните поплави во Македонија и опкружувањето, и елементраните непогоди пошироко, аналитичарите упатуваат на тоа дека оваа 2015 та година ќе биде една од потешките и покритични. Поскапа храна предвидува и Народната Банка во новиотјануарски извештај. На домашен терен се отвораат неколку дилеми, меѓу кои, која е причината за негативните последиците со голем размер, дали можеа да се ублажат, и како ќе менаџираат кога водата ќе се повлече?
Кој ја поплави Македонија – дождовите или негрижата?

Иако земјоделците велат дека сеуште не може да се направи проценка на шетите во земјоделството, првичните наодите упатуваат на тоа дека само во најголемата житница во земјава, Пелагонија, е направена штета од 10 милиони евра. Катастрофалните поплави, освен во Пелагонија, направија пустош во штипскиот и струмичкиот регион, Во Кочани, Кавадарци, Струга. Штетите се од големи размери, вели Ефим Шаклев, претседател на Асоцијацијата на земјоделци.

“Состојбата на терен е многу лоша, со денови вренеше. Се зголемуваата плодните површини што се под вода. Каква ќе биде реалната состојба со земјиштето ќе се знае откако водата ќе се повлече. Очигледно шететите се огромни. Гледаме дека поплавена е најголемата житница Пелагонија, која сега личи на езеро. Потоа штети имаат градинарските насади и расадници во стумичко, кочанско. Загрозен е родот не само на житариците , туку и на градинарските производи. Неизвесно е дали навреме ќе почне пролетната сеидба.“, вели Шаклев.

Ако се анализира според региони, во штипско-кочанскиот регион се уништени дел од фармите и житото, или конкретно во кочанско под вода се површините со жито а уништена е и печница и јачмен. Во штипскиот регион, каде најкритично е во карбинскиот и лакавичкиот регион, уништени се овошните и градинарски насади. Во струмичко поплавите го уништија пролетниот расад за градинарски производи.

“Според проценките, на земјоделските површини што се под вода, родот е сто проценти уништен. Но проблем има и со површините кои не се поплавени, но и тие се хендикепирани бидеќи таму избиваат подземни води, не можата да се обработуваат а не некои и воопшто нема пристап. Состојбата би рекол дека е критична. Сметам дека надлежните институции најмалку што можат да направат е да ги исплатат субвенициите, како начин барем да се ублажи состојбата. Верќе слободно може да се каже дека штетите во земјоделството се енормно големи а негативбните ефекти ќе ги почуствуваат сите, и земјоделците, и државата и граѓаните како крајни купувачи.“, вели Ристо Велков.

Додека Македонија се бори со водената стихија, министрите и други владини функционери се растрчани во местата кои се зафатени од поплавите а дел од жителите, односно земјоделците во погодените подрачја прашуваат зошто во некои регионите со години се оставени на законите на природата, без да интревенира во расчистување на речните корита и канали.
“Оваа агрокатстрафа со која се соочува Македонија пред се е резултат на неисчистените каналаи и речни корита низ земјава. Во последните 30 години имало дождови со помоголем интензитет од сегашниот, но вакви катастрофалнби последици немало. Сега штетата е направена и веќе е доцна државата да реагира. Ние бевме сведоци дека теоретски, се најавуваше чистење на коритата и каналите, но на терен не беше баш така“, вели земјоделецот Велков.

Намалено производство, зголемени цени

Иако е извесно дека недостатокот на земјоделски производи ќе биде една од клучните последици по поплавите во регионот и во земјава, дел од земјоделците повикуваат да не се злоупотребува состојбата за да се манипулира со цените.

“Иако е рано да се каже какви и во колкав обем ќе бидат крајните последици од поплавите, јасно е дека настрадаа зеленчукот и житариците. Ние сга имаме цели оранжерии што пливаат под вода, тоа се големи штети . Она што е важно е дека не треба да се манипулиа со висината и со последиците од штетите. Сметат дека трговците мора да се воздражат од билокакви корекции во цената, оваа состјба не смее да се злоупотребува за поскапување на земјоделските производи, бидејќи ако трфговците ги зголемат цените, негативни ефекти ќе има само за земјоделците и за граѓаните.“, вели Шаклев од Асоцијацијата на земјодлеци.

Препредување за раст на цените стаса и од Народната Банка на Македонија, која во најновиот извештај наведува дека се очекуваат нагорни корекции на цените на житните култури во 2015 година, споредено со сигналите добиени во текот на октомвриските проекции.

“Најновите оценки за цените на меѓународно тргуваните примарни прехранбени производи упатуваат на нагорни корекции на цените на житните култури во 2015 година, споредено со сигналите добиени во текот на октомврискиот циклус на проекции.Ваквите промени се направени и покрај високите приноси во 2014 година и апрецијацијата на доларот во однос на еврото, и ги одразуваат и ризиците од намален принос и квалитет на житните култури од јужната хемисфера, како и влијанието врз приносите во 2015 година од невообичаеното студено и суво време во САД и Руската Федерација. Треба да се има и предвид големата неизвесност околу идното движења на светските цени на нафтата и можноста за нагли промени кај оваа категорија“, се наведува во извештајотна НБРМ.

Дополнително состојбата се проблематизира и поради тоа што со водените стихии се соочуваат и земјите од регионот со кои тргува Македонија. Тука се поплавите во Србија и Албанија, што секако ќе имаат негативен ефект врз нивното домашно прпизводство, што пак ќе влијаа врз вкупниот пазар и трговија на земјоделски производи во регионот.

Порталб

Би можело да ве интересира

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

(ВИДЕО) Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода

Горан Наумовски

Санчез: Времето за политички дискусии за поплавите ќе биде по реконструкцијата

За настраданите од поплавите во Шпанија ќе донираат по 100 евра за секој километар што ќе го претрчаат на теренот

А1он

(ВИДЕО) Невремето од Валенсија се пресели во Барселона, поплавени улици, отежнат сообраќајот на возовите