До последен момент неизвесност и битка за секој гласач во општина Чаир – стратешки значајна за етничките албанци, но во исто време и општина која располага со Буџет поголем од 20 милиони евра, пишува новата економска анализа на Portalb.mk. Во скопски Чаир, за градоначалник во вториот изборен круг силите ќе ги мерат Висар Ганиу од ДУИ, со освоени 11 860 гласвои што му дава предност од 1 658 гласови во однос на Зекирија Ибрахими од Беса кој ја доби довербата од 33,5 проценти или на негово конто завршија 10 202 гласа.
Општина Чаир, според официјалните податоци само во оваа изборна година планирала да располага со финансии од 22,2 милиони евра, пришто голем дел од парите ги обезбедува од трансфери од централната Власт. Оваа општина спаѓа во групата на оние што располгаат во поголем буџет – кој надминува 20 милиони евра, а такви не се многу на број во Македонија.
Буџетски расходи – најмногу пари потрошени за плати…
Во првото економско полугодие општина Чаир потрошила 6 милиони и 966 илјади евра, пари кои по сите основи се слеале во општинската каса. Така, заклучно со јуни податоците од Извештајот за извршување Буџети на единиците на локална самоуправа, покажува дека општина Чаир на годишно ниво планирала вкупен Буџет, вклучувајќи донации, самофинасирачки активности, дотации и кредити, од 22 милиони и 277 илајди евра. Реализацијата на крајот од првото економско полугодие изнесува 31,2%.
Една од ставките каде има поголема реализација, односно трошења во однос на планираното, се раходите за основни плати. На годишно ниво е планирано да се потрошат 4 милиони евра а на полугодишно потрошени се 2 милиони евра. Една од поголемите ставки по вредност се планираните раходи за “други градежни работи“ со сума од 8,1 милиони евра. На крајот на јуни биле потршени 2,5 милиони евра од оваа буџетска ставка. Само за поправки и тековно одржување, општина Чаир планира годинава да потроши 3,5 милиони евра а заклучно со јуни потрошени се 217 388 евра што претставува минимална реализација од 6,9%.
Позначајни расходи во вредност од скоро 400 000 евра се планирани за “купување опрема и машини. Заклучно со првото полугодие од 2017 година за оваа намена се потршиле близу 24 000 што претставува остварување од само 6%.
За патни и дневни трошоци, општина Чаир има план да потроши 51 089 евра. За шест месеци, по овој основ се потрошиле скоро 9 000 евра што претставува реализација во однос на планот од 17,6%. Ставка која во однос на претходните има поголема реализација е онаа за “договорни услуги“, па така општина Чаир за оваа намена планира да потроши 1,3 милиони евра а на крајот на јуни биле потрошени близу 370 000 евра.
Расходи кои предничат според оствареното во однос на планот се оние за “привремени вработувања“. Така, скопската општина по овој основ на годишно ниво планирала да потроши 56 900 евра а само за шест месеци се потрошиле 37 451 евра, што претставува реализација од дури 65,8%. За плаќање на комуналии, греење и транспорт, општината планира да потроши 1,2 милиони евра а за шест месеци се потрошиле 40,5% од оваа сума или нешто повеќе од половина милион евра.
Буџетски приходи – собрани 34,2% од планираното…
На приходната страна, на годишно од планот за вкупни приходи по сите основи од сите извори, општина Чаир планира да собера 22,2 милиони евра, заклучно со јуни, реализацијата изнесува 7,6 милиони евра или 34,2%, со што општината за шест месеци според овие податоци, не ги собрала половина од планираните приходи. Најголем дел од буџетските средства, општината планира да ги обезбеди преку ставката “трансфери од други нивоа на власт“ од каде годинава треба да се слеат 10,4 милиони евра. На крајот на првото полугодие приходите по овој основ изнесувале 6,2 милиони евра или реализација од 60%.
Од продажба на земјиште и нематеријални вложувања, општина Чаир планира приход од 5,2 милиони евра а реализацијата за првото полугодие изнесувала 475 845 евра или девет отсто. Од данок на доход, добивка и капитални добивки, општината на годишно ниво проектирала приход во вредност од скоро 600 000 евра а на полугодишно ниво остварувањето изнесува 109 000 евра или околу 18 отсто.
Инаку, токму општина Чаир е во групата на општини што имаат повисоки буџети, над 20 милиони евра, па така оваа скопска општина е во друштво Куманово, кое има буџет од скопро 30 милиони евра, Битола со буџет кој се движи околу 25 милиони евра, а приближно толку е и годишниот буџет на општина Центар. Она на што упатуваат економистите во однос на трошењата на локлано ниво е високиот процент на пари кои завршуваат за плати и надоместеоци.
За атрактивноста на општинската фотеља во Чаир говори и информацијата на Центарот за граѓански комуникации, кои ја вброи оваа општина и во групата на оние кои трошат милионски суми преку јавни набавки, па така само 2014 година Чаир потрошил 13 милиони евра само по овој основ.