Американската пошта пред банкрот

Од:

Aмериканската поштенска служба е пред банкрот, со долгови од повеќе од пет милијарди долари, кои не може да ги исплати без државна помош.

Се очекува поштата да продолжи да функционира без застој, но ќе престане да го финансира пензиите на своите поранешни вработени. Раководството на поштата се надева на помош од сојузниот буџет, но конгресмените бараат поштата да спроведе сериозни реформи пред да добие пари.

Банкротот на поштата и неможноста да ги покрие обврските кон сопствените вработени и пензионери е пример на лошо управување и намерно затворање на очите пред суштинските промени кои се случија во бизнисот со испорачување на писма во САД. Раководството на поштата упорно одбива да ги спроведе потребните мерки за намалување на нивните трошоци, изјави републиканскиот конгресмен Дарел Иса.

Американската пошта има половина милион вработени и годишен буџет од над 70 милијарди долари. Се смета дека се работи за најголемата транспортна компанија во светот, со над 200.000 возила кои секојдневно разнесуваат пошта низ САД. Подемот на приватните компании за дистрибуција на пакети и на брза пошта, како и на интернетот кој ја замени комуникацијата со писма, доведе до намалување на прометот во државната пошта, која загуби една третина од својот промет во изминатите 10 години.

Растечките обврски за исплата на пензиите на поранешните вработени и за планирање на пензиите на сегашните вработени се дополнителниот удар за американската пошта. Конгресот бара поштата да ги намали трошоците, да ги затвори поштите во помалите места низ САД и да го намали обемот на работа преку викендот, како услов за евентуално добивање парична помош.

Би можело да ве интересира

Ројтерс: Повеќе од 20.000 американски федерални вработени се согласија да си заминат од своите работни места

Комитетот за финансии на американскиот Сенат ја поддржува номинацијата на Кенеди за министер за здравство

Калас: Кина ќе се смее на трговската војна меѓу САД и ЕУ

Двајца кинески државјани загинаа во авионската несреќа во Вашингтон

Пронајдени се црните кутии во остатоците од авионот на „Американ ерлајнс“

Захарова: Три жртви од падот на американскиот авион имале руски пасоши