АЛТА банка со нова промотивна понуда за штедење во денари и евра

Од:

Октомври е месец посветен на штедењето, а АЛТА банка АД Битола го одбележува со нова промотивна понуда за сите кои сакаат паметно да ги планираат своите финансии и да создаваат сигурна основа за иднината.

Без разлика дали штедите за нов дом, семејни планови, важна животна цел или едноставно сакате вашите заштеди да растат, АЛТА банка ви нуди можност да го направите следниот чекор со избор на денарски и девизни депозити со фиксни каматни стапки.

Во рамки на новата промотивна понуда, достапни се следните можности за штедење:

  • Денарски депозит на 13 месеци со каматна стапка од 3,20%
  • Денарски депозит на 25 месеци со каматна стапка од 3,40%
  • Девизен депозит во евра на 13 месеци со каматна стапка од 2,30%

Дополнителна практичност овозможува изборот на начинот на исплата на каматата – месечно или на крајот на периодот на орочување. Каматните стапки се фиксни за целиот период, што им овозможува на клиентите однапред да го планираат приносот од своите заштеди.

Со оваа понуда, АЛТА банка потсетува дека за остварување на големите планови често се потребни мали, но навремени финансиски одлуки. Токму затоа, месецот на штедењето е вистински повод да размислиме за иднината и за можностите што ги имаме денес.

Промотивната понуда е достапна до 31 декември 2026 година.

Посетете ја најблиската експозитура на АЛТА банка АД Битола, информирајте се за условите и изберете го депозитот што најмногу одговара на вашите планови.

 

 

 

Би можело да ве интересира

Славески: Нема милионски одливи од „АЛТА банка“, трансакциите со Србија се редовни плаќања на клиентите

Приведен е Давор Мацура, сопственикот на Алта банка

Катерина Ѓуровски

Народна банка: „АЛТА банка“ АД Битола продолжува да работи – администрацијата е привремена мерка за заштита на Банката и на штедачите до промена на сопственоста

Народната банка воведува администрација во Алта банка Битола, неделниот лимит за плаќања ќе биде 10.000 денари

Горан Наумовски

АЛТА банка АД Битола е ликвидна и продолжува со стабилно и непречено работење

А1он

АЛТА банка во знакот на штедењето – активности за најмладите и продолжени промотивни услови за депозити