Ал Џезира: Закон за зголемување дневници погоди компании во Вашингтон

Од:

Големите американски компании како Волмарт, ќе бидат присилени на работниците да им ја зголемат дневницата до 50 отсто над минимумот, што е дел од закон изгласан во Вашингтон.

Волмарт од своја страна најави прекинување на проекти за изградба на три шопинг-центри што ќе обезбедат 600 нови работни места.

Во 20 години колку што свештеникот Грајлан Хаглер живее во Вашингтон, градот целосно се трансформирал, објави Ал Џезира во прилог посветен на тој закон.

Тој вели дека лобирал во Градскиот совет да се усвои законот со кој дел од богатството би се распоредило на локалните жители.

Тоа би приморало еден нов работодавач како Волмарт, да ги плаќа своите работници по 12,5 долари на час што е речиси пет долари над градскиот минимум.

Но, од Волмарт тврдат дека законот не е чесен и дека е дискриминирачки бидејќи не се однесува на сите фирми во Вашингтон туку само за оние кои имаат годишна продажба над милијарда долари.

Волмарт се заканија дека ќе запрат со градба на неколку нови продажни центри – два се наоѓаат во округ кој го застапува советникот Ивет Александер која вели дека тоа би било катастрофално за нејзината заедница.

– Тоа значи 600 работни места помалку во нашата заедница во која стапката на невработеност е втора највисока во градот, вели таа. Градоначалникот Винсент Греј се противеше на тој закон кој е усвоен со големо мнозинство.

Би можело да ве интересира

Песков: Русија и САД имаат многу проблеми

Горан Наумовски

САД потврди дека севернокорејските војници сега активно се борат заедно со руските сили против Украина

Претставник на американската влада обвинет за објавување информации за планот на Израел за напад на Иран

Противниците на Кина на важни позиции

Британскиот министер за одбрана: Очекуваме САД да ја поддржат Украина се додека е потребно

Трамп ја избра младата републиканка Елис Стефаник за нова американска амбасадорка во ОН