Акциите на „Фејсбук“ растат

Од:

За само неколку дена цената на акциите на социјалната мрежа „Фејсбук“ пораснала за 21 процент, со што поскапе и вредноста на почетната јавна понуда на 16 милјарди долари. Ова е трета најскапа почетна јавна понуда на акции, веднаш зад онаа на компанијата „Виши“ од 19,7 милјарди и Генерал Моторс со 18,1 милјарди долари.

Цената на акциите на „Фејсбук“ кои излегоа утрово на берзата во Њујорк изнесува 38 долари, со што и вредноста на компанијата порасна на вртоглави 104 милјарди долари.

Отварањето на берзата го означи 28- годишниот Марк Цукенберг, основачот на Фејсбук, а беше најавено дека наскоро дополнително ќе се продаваат акции во вредност од 2,4 милјарди долари. Ова ќе донесе пораст на почетната јавна понуда до 18,4 милјарди долари, со што од третото, „ Фејсбук“ ќе стигне до второто место, како втора најскапа почетна јавна понуда на акции во историјата на берзата.

Иако дел од инвеститорите предвидуваа пад на акциите на „Фејсбук“ по неговото излегување на берзата, статистиките го покажуваат спротивното.Сепак мислењата за идната вредност на „Фејсбук“ остануваат поделени. Во прилог на ова оди фактот што автомобилскиот гигант „Генерал Моторс“ пред два дена ги повлече платените огласи од социјалната мрежа која ја користат над 900 милиони лица од цел свет. Ова беше сфатено како сериозна порака за идните инвеститори, бидејќи само овој огласувач трошеше по десет милиони долари за своите рекламни кампањи на „Фејбук“.

Сега останува отворено прашањето, ќе успее ли Цукенберг брзо да го прилагоди својот „Фејсбук“ на барањата на идните огласувачи и да направи солидна платформа за мобилните телефони и таблети, со што ќе си ги зголеми повторно своите приходи.

Статистиката покажува дека 78 милиони американциго користат „Фејсбук“ преку своите мобилни телефони и таблети. 85 проценти од приходите мрежата ги заработува преку огласите.

Би можело да ве интересира

Волстрит џурнал: Закерберг отпушта илјадници вработени од Мета платформс

Ана Ололовска

Анкета: Фејсбук најлоша компанија во светот за 2021 година

Ана Ололовска

За неколку часа богатството на Закерберг се намали за шест милијарди долари

Ана Ололовска

Профитот на Фејсбук поголем за 10 милијарди долари во вториот квартал од лани

Ана Ололовска

Вибер ги прекинува деловните односи со Фејсбук

Ана Ололовска

Како изгледа работата на Facebook и Google кампањи за компании од Силиконската долина од Македонија?

Ана Ололовска