Акциите на „Фејсбук“ паднаа под 20 долари

Од:

Вредноста на акциите на најголемата социјална мрежа во светот „Фејсбук“ денеска за првпат од нивното котирање на берзата паднаа под 20 долари.

Денешниот пад на акциите следи по неколкудневното намалување на нивната вредност, предизвикано од очекуваната голема распродажба откако по 16 август на вработените во „Фејсбук“ ќе им биде овозможено да ги продаваат своите хартии од вредност.

Експертите проценуваат дека по почетокот на можноста за продажба на акциите од страна на вработените, па до ноември, на безата би можеле да се најдат 1,8 милиарди хартии од вредност на „Фејсбук“.

На стартот на берзанското котирање во мај, акциите на „Фејсбук“ чинеа 38 долари, но нивната вредност почна да паѓа уште од првиот дена на котацијата.

Со падот на вредноста на акциите на „Фејсбук“ за речиси 50 отсто, основачот и главен акционер на социјалната мрежа Марк Цукенберг испадна од листата на 10 водечки милијардери во ИТ секторот. Сегашното богатство на Цукенберг е намалено на 10,2 милијарди долари.

Би можело да ве интересира

Волстрит џурнал: Закерберг отпушта илјадници вработени од Мета платформс

Ана Ололовска

Анкета: Фејсбук најлоша компанија во светот за 2021 година

Ана Ололовска

За неколку часа богатството на Закерберг се намали за шест милијарди долари

Ана Ололовска

Профитот на Фејсбук поголем за 10 милијарди долари во вториот квартал од лани

Ана Ололовска

Вибер ги прекинува деловните односи со Фејсбук

Ана Ололовска

Како изгледа работата на Facebook и Google кампањи за компании од Силиконската долина од Македонија?

Ана Ололовска