Агрохемиски калкулатор – апликација за правилно ѓубрење во земјоделското производство

Од:

Земјоделците добија агрохемиски калкулатор – апликација која може да се инсталира на мобилните телефони и точно да каже, врз основа на лабораториски анализи, колку ѓубре треба да се употреби производството.

Апликацијата засега содржи 25 култури, главно градинарски, кои се најинтересни за Македонија. Во процедура е вметнувањето алатки и за винова лоза и за овошни насади.

– Агрохемискиот калкулатор се симнува преку гугл плеј и се инсталира на телефонот. Бирате култура што сакате да ја посадите, посеете или е веќе засадена. Потоа внесувате податоци за лесно достапен фосфор и калиум што морате да ги имате како резултат на лабораториска анализа на почвен примерок, објасни проф. д-р Фиданка Трајкова, презентирајќи ја апликацијата денеска на работилница во Кавадарци.

Модерното земјоделско производство, нагласи, подразбира ѓубрење врз база на лабораториски анализи.

– За да имате добар и висок принос што сортата е способна да го даде, ѓубривата мора да се дадат врз основа на агрохемиски анлизи. Целта на овој калкулатор е на луѓето да им се приближи начинот на пресметка за потребните количини хранливи материи. Кога од лабораторија ќе се добијат информации колку една почва содржи азот, фосфор и калиум и кога тие вредности ќе се внесат во калкулатор, тој лесно кажува колку од нив во лесно достапни количини треба да се аплицираат во одредена култура за постигнување одреден принос, додаде Трајкова.

Според неа, земјодлеците се уште ѓубрат „од искуство“, врз основа на тоа што го научиле од своите родители или соседи.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петрушевски: Арекспорт со договор кој го потпишал Љупчо Николовски се обврзале на инвестиција од над 2.4 милиони евра, не реализирале ниту 300 илјади

МЗШВ: Префрлени се сто милиони денари на АД Водостопанство за заостанатите плати

МЗШВ: Лозарите претходната Влада ќе ја паметат по ниските откупни цени и безредие

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани грла говеда

МЗШВ: Исплатени субвенциите за остварено производство во овоштарство и градинарство со вредност од 302 милиони денари кон 13.440 земјоделци

МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата