13 илјади потписи за враќање на дневната евтина тарифа

Од:

Граѓанската иницијатива Аман денеска од 14 часот пред спомен куќата на Мајка Тереза ќе почне со последниот протестен марш, кој ќе заврши пред Собранието на Република Македонија со предавање на 13.000 потписи собрани од граѓаните за промена за Законот за енергетика.

Собранието има рок од 30 дена да го стави на дневен ред предлог-законот за измени на Законот за енергетика предложен од Аман.

– Свесни сме дека предавањето на потписите за промена на законот за енергетика се случува во специфичен миг, во услови на наруштена парламентрана деморкатија. Сепак, одговорноста на „Аман“ е кон оние 13.000 граѓани кои ги дадоа потписите. Затоа ќе ги предадеме предлог-законот и потписите во овој Парламент, таков каков што е без опозицијата – изјави Петрит Сарачини, активист на Аман.

Активистите на Аман сметаат дека нивните барања се скромни, бараат само враќање на дневната евтина тарифа за струјата и да не им се наплаќа парното на оние што не го користат.

Нивните активности нема да запрат, како што рекоа, дел од барањата дефинирани на почетокот на протестот лани не се исполнети. Нивното ангажирање ќе биде преку други форми, но и вакви и слични иницијативи.

 

 

 

Би можело да ве интересира

Принцот Вилијам во прва официјална посета на Блиски Исток

Ана Ололовска

Член на обезбедувањето во израелската Амбасада во Аман отворил оган кон Јорданец

Ана Ололовска

Во јавниот простор се бие битката за општествени промени

Емир Латифовиќ

(ФОТО) АМАН: Фронтот се шири, со масовност до конкретни резултати

Емир Латифовиќ

Една година од најмасовните социјални протести во Македонија

Емир Латифовиќ

„АМАН“ се откажува од битката за поевтина струја

Емир Латифовиќ