„Звуците на културата“ од 20 до 22 септември во Општина Ѓорче Петров

Од:

Манифестацијата „Звуците на културата“ ќе се одржува од 20 до 22 септември годинава во паркот во Ѓорче Петров.

Публиката за три дена ќе може да проследи богата културно-уметничка програма, повеќе активности за најмладите, како и за повозрасните граѓани. Предвидени се настапи на културно-уметнички друштва, хорови, музички точки на училишта, баскер артисти, танцување, проекција на филм, мјузикл, концерти, театар…

Во рамки на второто издание на „Звуците на културата“ ќе настапат и Наум Петрески, Ефто Пупиновски, Нокаут, Дац и Александар Митевски и диџеи. Ќе биде прикажан и нашиот наградуван филм „Господ постои, името и е Петрунија“ на режисерката Теона Стругар Митевска. Во паркот каде ќе се одржува манифестацијата ќе бидат поставени и реквизити за забава, детски игри и спорт, забавен парк и базар.

Би можело да ве интересира

Концерт на Италијаните Мариголд Бокс

Предраг Петровиќ

Кој ќе биде новиот Џејмс Бонд

Предраг Петровиќ

Застрашувачки трилер на Нетфликс: Сè застана на еден час

Предраг Петровиќ

Тематски стрип конкурс за ученици од Србија, Македонија и Албанија

Во галерија „КО-РА “- мал салон отворена самостојна изложба на рачно изработен накит од Соња Драгољуб Гиздавиќ

А1он

Серијата книжевни гостувања „Добри гости“ продолжува во Прилеп

Предраг Петровиќ