Унгарскиот филм „За телото и душата“ во режија на Илидике Енједи ја освои Златната мечка на Берлинскиот филмски фестивал.
Љубовната приказна е сместена во чудно опкружување, во кланица во Будимпешта во која вработените работното време го минуваат меѓу ладнокрвна рамнодушност и црн хумор.
Енједи е една од четирите режисерки чии дела конкурираа за првата награда на Берлинскиот филмски фестивал.