Зголемен бројот на читатели во Градската библиотека во Велес

Од:

Повеќекратно е зголемен интересот за позајмување книги во двата оддела, за деца и за возрасни при Градската библиотека „Гоце Делчев“ во Велес.

Директорот на библиотеката Игор Крајчев информира дека децата најмногу се заинтересирани за задолжителната школска лектира, како и за многу бестселери.
Според него, и кај возрасните читатели во овие летни месеци има зголемен интерес за читање книги, посебно за бестселерите.

– Нашата библиотека располага со најновите изданија од светски популарни автори, но и со изданија од македонски писатели, од сите македонски издавачки куќи. Библиотеката неделава ќе добие и ќе го збогати својот фонд со уште некои од најновите и популарни изданија, а се со цел да го задоволиме интересот на нашите читатели, потенцира Крајчев.

Во Градската библиотека „Гоце Делчев“, која има над 100 илјади книги за сите возрасти, во моментов има 2.197 читатели, 1.024 деца и 1.173 возрасни читатели.

Би можело да ве интересира

Изложба на кинеска калиграфија отворена во Велес

Во Прилеп завршува МТФ „Војдан Чернодрински“

Двоен „Златен був“ за „Прозаични стихови“ на Али Асгари и Алиреза Катами на 14. Филозофски филмски фестивал

Фестивалот „Преку езерото“ отвора Конкурс за дипломски краткометражен игран или документарен/експериментален филм

Во Кавадарци промовирана книгата „Татков праг“ од Данче Христова Младенова

Од 16 награди на светскиот фестивал во Јесоло -6 за Скопското училиште Кузман

Предраг Петровиќ