Здружението за култура и уметност ФРУ на конференции во Љубљана и Белград

Од:

Здружението за култура и уметност ФРУ – Факултет за работи што не се учат (Битола/Скопје) деновиве има две меѓународни претставувања – на „Flanders Balcan Express Caravan“ денеска во Љубљана и на 9 јуни во Белград на интернационалната конференција „Времиња на отпор“.

Ивана Васева, кураторка, и Филип јовановски, визуелен уметник и граѓански активист денеска во Љубљана ќе зборуваат за условите на продукција на уметност како и начините во кои современата независна културна сцена успева да преживее во време на политичка криза со фокус на фестивалот за современа уметност АКТО.

Тие ќе учествуваат во панелот „Уметноста и културата во време на националистички и неолиберални времиња“, каде ќе ги претстават последните изданија на нивниот долгогодишен проект АКТО – фестивал за современи уметности кои го курираат заедно, како и едукативнот кураторски проект на Васева „Совршениот уметник“.

На 9 јуни пак, во рамки на интернационалната конференција „Времиња на отпор“ во склоп на панелот „Низ целата Европа никнуваат нови движења, зошто? ќе зборува Филип Јовановски, со фокус на уметничкиот активизам и формите на отпор низ култура и уметност, и тоа низ примерите на Шарена револуција, референдумот во одбрана на Градски трговски центар „Го сакам ГТЦ“, како и неговиот долгорочен социјално-уметнички проект КУЦ (културно уметнички центар) Текстил-Штип.

Организатор на настанот е Центар за културна деконтаминација од Белград, која е една од најзначајните независни институции од областа на културата во Србија.

Би можело да ве интересира

Актерот Сашо Тасевски доби награда за улогата Фестер Адамс во претставата „Фамилијата Адамс“

Саем на книга 2025 – книгите се многу повеќе од зборови, тоа се мостови што поврзуваат луѓе, култури, идеи

МАНУ промовираше тритомно издание „Кочо Рацин“

Нови датуми за Глумците Пеат

Поради трагичниот настан во Кочани се одложува Неделата на франкофонскиот филм

Предраг Петровиќ

Концертот на Мариа Мендеш ќе се одржи и ќе биде со хуманитарна цел