Завршува 20. Интернационален фестивал на монодрама во Битола

Од:

Со монодрамата „Ќиро“ во која настапува хрватскиот актер и шоумен Тарик Филиповиќ, вечер во Битола завршува 20. јубилејно издание на Интернационалниот фестивал на монодрама.

На денешната средба со новинарите во фестивалскиот прес-центар во Битола, Филиповиќ изјави дека иако во последниов период е препознатлив по телевизиските квиз и шоу програми, сепак тој е актер кој настапил во повеќе од 4.000 претстави.

– Монодрамата „Ќиро“ е инспирирана од познатиот фудбалски селектор Ќиро Блажевиќ и вечер во Битола ќе ја одиграм по 54 пат. Текстот го работев половина година, а кога почнав да го презентирам пред публиката сфатив дека е вонвременски. Во монодрамата „Ќиро“ се отсликува животот, шармот на Ќиро Блажевиќ…се нуди одговорот на едно често поставувано прашање зошто Ќиро секогаш носи бел шал, а го носи затоа што го обожува францускиот глумец Шарл Боае, рече Филиповиќ.

Гостинот од Хрватска потсети дека имитацијата на разни личности е негова лична вештина и додаде оти ги имитирал Милан Гутовиќ, Миљан Миљаниќ, Фрањо Туѓман и други јавни личности како актерски предизвик.

– Среќен сум што мојата актерска кариера се развиваше во време кога настапуваа Фабијан Шоваговиќ, Борис Дворник, Мустафа Недаревиќ…и други актери од таа генерација кои посебно ги почитував и почитувам. Уживам во актерството, а сакам и да подарувам и често пати сум донирал од моите различни по боја очила кои искрено постигнувале и висока цена на различни аукции. Ќе звучи интересно, но јас од хрватските продавачи на очила добив плакета затоа што им се зголеми продажбата на очила, рече меѓудругото Филиповиќ.

Би можело да ве интересира

Џек Димиќ со монодрамата „Ој, животе“ на 5 мај гостува во Драмски театар

Ана Ололовска

Во Струмица вечерва премиера на монодрамата „Викторија“

Ана Ололовска

Во Битола завршува Фестивалот на монодрама

Ана Ололовска

„Последната лента на Крап“ на 26 јуни ќе учествува на 22. Интернационален фестивал на монодрама во Битола

Ана Ололовска

Монодрамата „Чај со рум“ в недела на сцена на отворено во Лешочкиот манастирски комплекс

Ана Ололовска

Монодрамата „Прво лице еднина“ утревечер ќе биде изведена во кумановскиот театар

Ана Ололовска