Монодрамата „Чај со рум“ в недела на сцена на отворено во Лешочкиот манастирски комплекс

Од:

Членовите на Здружение на независни уметници „Драмско студио Тетово“ в недела 20 септември на сцена на отворено во Лешочкиот манастирски комплекс ќе се претстават со монодрамата „Чај со рум“ по текстот на писателот Јован Дамјановски. Главната улога на Андреја ја толкува Игор Бачоски, додека режијата е на Саше Серафимовски. Ова е прва активност на студиото во текот на пандемијата, посочија од драмското студио на денешната прес-конференција.

-Монодрама „Чај со рум“ се игра на отворено, според сите здравствени протоколи кои поради коронавирусот, пред платото на црквата Успение на Пресвета Богородица и претставува еден фантастичен амбиент под отворен небо, каде тетовци ќе имаат можност да видат една одлична монодрама од тетовецот Јован Дамјановски, преработена, видоизменета и преадаптирана на денешното време од страна на мене и на Игор Бачоски. После шест месеци тетовци ќе може да видат театарска претстава која се надевам ќе даде една свежина во секојдневието во кое живееме имајќи во предвид дека уметноста останата последна во Македонија како дејност која треба да заживее повторно, чекајќи протоколи. Бројот на публика затоа е лимитиран на околу 150 седишта, истакна Саше Серафимовски.

Игор Бачоски вели дека идејата за оваа монодрама помеѓу тројцата е од пред 2-3 години.

-Сега во ова време-невреме ќе дојде до реализација. Ние се обидовме да ја модернизираме оваа монодрама со оглед дека текстот на Јован Дамјановски е пишуван пред 30 години, многу работи се измениле но и многу работи се останати исти. Подготвувајќи се, видовме дека самиот текст е како „тесто“ и може да излезе многу добра монодрама. Гледајќи животото на главниот лик Андреја се гледа суштината на тетовското живеење во овој период од почетокот на транзицијата завршувајќи со оваа денешна небидница со вирусот. Се обидовме да не биде класична монодрама туку поп-арт што е модерен начин на претставување на монодрама, рече Игор Бачоски.

За монодрамата се поставува соодветна сценографија. Светлото го поставува Дарко Младеновски додека музиката е на Ангел Ќосев. Почетокот е закажан за во 19 часот и 30 минути.

Би можело да ве интересира

Почина актерот Мустафа Јашар

Светски ден на театарот, бесплатни претстави во Скопје

(ВИДЕО) Српски актер го прекина настапот поради жена која телефонираше: Немам нерви како коњ

Предраг Петровиќ

Во Битола премиера на театарската претстава „Вујко Вања“

Предраг Петровиќ

Премиера на „Петар Пан“ во Струга, средствата од влезниците хуманитарно за Бојан

Ана Ололовска

По повеќе од 30 години прво гостување на македонски театар на сцената на Народниот театар во Албанија

Ана Ололовска