Завршна презентација од проектот „Млади Европејци – Млада Европа на Балканот“

Од:

Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕФТА денеска организира завршна презентација од проектот „Млади Европејци – Млада Европа на Балканот“, поддржан од Министерството за култура.

Проектот е предвиден како составен дел од поширока годишна програма на Културниот центар „Млада Европа на Балканот“ на Универзитетот за аудиовизуелни уметности во соработка со ЈП Македонски железници – Инфраструктура.

Настанот ќе опфати сценска презентација на книгата „Европа наш заеднички дом“ од Жан Моне, во издание на ЕФТА, проекција на краткиот филм „Европа мојот идентитет“ – резултат од тригодишниот проект изработен од студенти од Македонија, Франција и Германија, како и изложба на фотографии од студенти, насловена „Европа овде, Европа таму“.

Би можело да ве интересира

„Шекспиријада“ на студентите од ЕФТА во Велешкиот театар

Наум Локоски

Францускиот кореограф и танчар Дидие Дешан почесен доктор на ЕФТА

Ана Ололовска

Трибина на Универзитетот ЕФТА за 75 години од холокаустот

Наум Локоски